На автобус во Русија му откажале сопирачките – шест мртви и 15 повредени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Шест лица загинаа утрово, а 15 се повредени во автобуска несреќа на работници во Русија.

Автобусот превезувал работници до фабрика во градот Леснаја, во регионот Свердловск, 1.350 километри источно од Москва.

Според официјалните лица, сопирачките на автобусот откажале, тој ја пробил портата на фабриката и налетал на луѓето на блиската автобуска станица.

Полицијата започна кривична истрага