Array

На пленарка ќе се одлучува за имунитетот на Вељаноски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања со 4 гласа ЗА и 4 гласа ПРОТИВ синоќа не донесе конечна одлука околу точката на дневен ред со која се бараше одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот спикер Трајко Вељаноски.

По дводневната расправа во комисијата, следува расправа и на пленарка седница, а кога таа ќе биде закажана засега нема точна информација, неофицијално Џафери во текот на утрешниот ден ќе ја закаже седницата.

Барањето за симнување на имунитетот на Вељаноски доаѓа од Судот кој го бара тоа поради барањето за притвор на Вељаноски, а во врска со предметот „27 април“. Покрај Вељаноски во притво е и екс министерот Спиро Ристовски, а во куќен притвор е Миле Јанакиески.

Актуелниот пратенички состав досега по барање на судот донесе одлуки за одземање на имунитетот на пратениците Никола Груевски, Љупчо Димовски, Крсто Муковски, Јохан Трачуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски.

Павле Богоевски за исходот од Комисијата за мандатно-имунитетни прашања

Павле Богоевски за исходот од Комисијата за мандатно-имунитетни прашања

Gepostet von TV21 am Samstag, 23. Februar 2019