На Психијатриската болница ѝ е потребно реновирање – постои опасност и од недостиг од медицински кадар

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Според неколку извори на ТВ21, условите во болницата за Психијатрија во Бардовци, Скопје воопшто не се задоволителни. Отидовме таму, но директорот Ќамил Ковачи заради безбедносни причини не дозволи да снимаме внатре. Во својата изјава тој рече дека неколку оддели се реновирани и условите се добри, но призна дека има оддели на кои им е потребно реновирање.

„Има неколку оддели на кои им треба реновирање. И со тоа да се подобрат потребните услови за понормално функционирање во рамки на институцијата“, вели Ќамил Ковачи.

Освен проблеми со инфраструктурата, оваа болница во иднина може да се соочи со недостиг од медицински кадар, особено специјалисти по психијатрија. Лекарите кои во моментов работат овде се пред пензионирање.

„Во блиска иднина очекуваме да се соочиме со проблеми со медицински кадар, со специјалисти психијатри. Во оваа фаза сега сме добри, но поради возраста на лекарите специјалисти, се очекува во иднина да имаме проблеми“, додава Ќамил Ковачи.

Ковачи додаде дека постојано е во контакт со министерот за здравство и се надева на неговата поддршка, за подобрување на условите во оваа болница.

Фазиле Халили