На старост признаа дека се православни Албанци! Синадиновски почина со сонот за албанска православна црква

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пред два дена почина универзитетскиот професор Бранислав Синадиновски кој во јавноста стана познат откако рече дека по потекло е православен Албанец. На Синадиновски му остана неостварен сон да се основа албанска православна црква во Македонија.

Тој напиша и една книга во која вели дека во Македонија има околу 75 православни Албанци распрскани по цела територија. Историчарите се скептици и го гледаат невозможно основањето Албанска православна црква во Северна Македонија.

Многу православни Албанци се асимилирани во Македонија и се декларираат како Македонци. Историчарот Арбен Лала за ТВ21 вели дека на ова прашање нема влијаено само притисокот од државата, туку вината им ја префрла и на самите Албанци кои, како што вели Лала, сакале да напредуваат во кариерата.

Православната црква на Македонија во тоа време не ја пречека добро идејата на Синадиновски за основање Албанска православна црква. Инаку, според историчарот Бислими, и православните цркви од регионот имаат проблеми, како на пример во Албанија и Црна Гора.

Според Лала, основањето Албанска православна црква е деликатно, бидејќи вели дека православните Албанци се декларираат како Македонци. Без формирање православна албанска заедница по националност, а не само според чувство, не може да се формира, вели Лала.

Освен Синадиновски пред неколку години и екс претседателот на МАНУ изјави дека е православен Албанец, Матеја Матевски како и Бранко Манојловски кој беше екс пратеник на ДУИ во претходниот парламентарен  состав .