Над 20 милиони заразени во Индија, опозицијата бара национално затворање

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Индискиот опозициски лидер Рахул Ганди повика на национално затворање откако бројот на заразени со новиот коронавирус во државата денеска надмина 20 милиони.

Индија достигна 10 милиони заразени за 10 месеци, но следните 10 милиони беа регистрирани за нешто повеќе од четири месеци. Во моментов, активните случаи на инфекција во земјата се 3,45 милиони луѓе. Индиските здравствени влсти денска соопоштија за 357.229 нови инфекции во изминатите 24 часа и 3.449 нови смртни случаи, или вкупно 222.408 смртни случаи.

„Единствениот начин да се запре ширењето на Ковид-19 е целосна блокада. Недејството на индиската влада убива многу невини луѓе”, напиша Ганди, член на Индискиот национален конгрес, на Твитер.

Владата на премиерот Нарендра Моди не сака да преземе строги антиепидемиски мерки поради штетните ефекти врз економијата, но голем број индиски држави воведоа разни социјални ограничувања.

Само 9,5 проценти од 1,35 милијарди жители во Индија примиле барем една доза вакцина досега. Индија ги повика Фајзeр, Модерна и Џонсон и Џонсон да почнат со продажба на своите вакцини, но досега тие не дале понуда.