Најава од авионски гигант: Во авион нема да смеат оние кои не се вакцинирани

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Извршниот директор на австралиската авио-компанија „Квантас“, Алан Џонс изјави дека „многу влади ќе инсистираат“ да сите меѓународни патници бидат вакцинирани.

Во интервју за Би-Би-Си, Џојс кажа дека вакцинацијата е од суштинско значење за опоравување на авио индустријата, која минатата година забележела пат на патничкиот авио сообраќај од цели 75,6%.

Тој изразил уверување дека многу влади ќе постават услов патниците да бидат вакцинирани.

„Наша должност е да водиме грижа за патниците и екипажот, да можеме да потврдиме дека сите кои ќе бидат во авионот, ќе бидат безбедни“, рече Џонс.

Постојат и оние кои мислат дека тоа нема да биде добра идеја, вклучувајќи го и СЗО.

„Без оглед на тоа што некои во приватниот сектор тоа го сакаат, потребен е единствен пристап на сите влади за секаква промена да функционира“, изјави Бернардо Маријано.