Во руски напад на Запорожје, најмалку 23 лица загинаа. Во исто време Владимир Путин во Москва се подготвува да прогласи анексија на четирите украински региони по спроведениот референдум.
Олександар Старух, гувернер на Запорожје кажа дека руските сили нападнале хуманитарен конвој. Ранети се најмалку 28 луѓе.
Овој напад се случи само неколку часа пред прославата во Москва за анексија на регионите на Украина, односно припојување на 15% од територијата на Украина која ги опфаќа Луганск, Херсон, Доњецк и Запорожје.
Меѓународната заедница ги отфрли референдумите за анексија како лажни и незаконски. Ниту еден од овие региони не е под целосна контрола на Русија.
Џо Бајден, претседателот на САД кажа дека никогаш нема да ги признаат руските обиди за Анексија. Во исто време Путин вчера потпиша два декрета со кои ги призна Херсон и Запорожје како независни територии.
Во Москва ќе има прослава со концерти и маршеви. Најавен е говор и на Владимир Путин.