Најмалку двајца загинати, а седуммина повредени при руските напади во Украина

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Руските сили извршија ракетен напад врз нафтена рафинерија во индустрискиот град Кременчук во централна Украина, уништувајќи го нејзиниот производствен капацитет и резервоарите за гориво, соопшти украинското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува и дека е соборен украински авион Су-27 во регионот Харков.

Во исто време, Украина тврди дека воспоставиле контрола над селата северно и северноисточно од Харков и ги потиснале руските војници кон границата.

Две лица загинаа, а четири се повредени, откако руската војска го нападна градот Дергачив.

– Руска ракета погоди и територија на аеродромот во Харков, а во гранатирање на областа Салтивка, повредени се три лица, изјави гувернерот на регионот Харков, Олег Синегубов