Најмалку две лица загинаа во гранатирањето на Запорожје

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во гранатирањето на украинскиот град Запорожје во текот на ноќта, оштетени се или уништени од пожари станбени згради, а се уште не се знае дали има жртви, соопшти денеска регионалниот гувернер Олександр Старук.

„Како резултат на непријателските напади, избувнаа пожари во градот“, напиша Старук на Телеграм.

Според најновите информации, најмалку две лица се загинати во серијата на гранатирањето на градот. Старук исто така кажа дека можно е да има многу повредени, и дека спасувачките тимови извлекуваат луѓе под урнатините.