Најстудено на Попова Шапка, измерени -9 степени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Утринава најстудено нило на Попова Шапка, каде се измерени -9 степени, по него следува и Маврови Анови со -5 степени.

-4 степени се измерени во Крушево, -3 во Струмица, -2 во Претор, Охрид, Берово, Крива Паланка, -1 во Виница, Прилеп, 0 во Куманово, Битола, Штип, Тетово, Демир Капија.

реклама

Нашто потопло, односно 2 степени во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Дојран, додека пак најтопло било во Гевгелија каде се измерени 4 степени.

Висината на снежната покривка изнесува 77 см на Попова Шапка, 16 во Маврови Анови, 7 во Крушево, 4 во Ѓуриште, 3 во Берово.

реклама

Во текот на ноќта времето беше умерено до значително облачно. Дуваше слаб до умерен ветер од северозападен правец кој засилуваше во Штип и на повисоко на Ѓуриште. Утринава понекаде дува слаб до умерен претежно северен ветер и намалена облачност има во југозападните делови.

Денеска се очекува променливо облачно и студено, во северните планински делови со провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6 степени.

реклама

Во Скопје променливо облачно со умерен до повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 5 степени.

реклама
реклама
реклама