Еден маж е убиен, а друг тешко повреден во напад со нож доцна синоќа во пристанишниот град Ротердам во Холандија.
Напаѓачот е уапсен, соопшти полицијата, додавајќи дека ги истражува причините за нападот кај мостот Еразмо.
Мотивот за нападот се уште не е познат, но полицијата „ги разгледува сите можни сценарија“. Идентитетот на жртвите и на осомничениот се уште не се соопштени.
Холандскиот медиум De Telegraaf, повикувајќи се на сведоци на местото на настанот, објави дека човекот по случаен избор ги нападнал луѓето со два ножеви додека викал Алах егбер, арапска фраза што значи Бог е голем.
А портпаролот на полицијата рече дека и полицајците слушнале дека човекот ја извикал таа фраза и дека „тоа е дел од истрагата“.
Steekpartij #Rotterdam. Interview met een fucking HELD. #Erasmusbrug pic.twitter.com/7zkHcMTHOw
— Jan (@JWeensen) September 19, 2024