„Направивме се за РСМ, нашата наклонетост и љубов кон нив е огромна“, вели Борисов кој порача дека ќе го запознае Вебер со нападот на Пендиков

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов се сретна со мајката на претепаниот Христијан Пендиков во Охрид. Според него, оваа средба треба да послужи како јасна порака до македонските власти.

„Ја осудуваме агресијата врз Христијан Пендиков. Ќе разговарам со лидерот на ЕПП Манфред Вебер. Ќе бараме тепањето против него да биде осудено на европско ниво“, изјави Борисов, цитиран од БГНЕС.

Тој ги повика македонските власти да направат се за да ги уапсат и казнат виновниците.

Само така Република Северна Македонија ќе докаже дека е правна држава“, нагласи Борисов.

„Најлошото нешто на Балканот е што Бугарите се лутат. Направивме сè за PCM. Тие секогаш ја имаа нашата целосна поддршка. Затоа ги повикувам, уште еднаш порачувам – осудете ги напаѓачите. Нашиот гнев не е безопасен. Нашата наклонетост и љубов кон вас е огромна како земја, но и нашиот гнев е тежок. РСМ ќе го доживее доколку властите брзо не си ја завршат работата и не ги казнат виновниците“, му се обрати Борисов на Скопје.

Мајката на Христијан – Габриела Димкова, се заблагодари за досегашната поддршка што ја добила нејзиното семејство.