НАТО подготвено за борба со Ковид-19 – Министрите за одбрана преку видео врска ќе дискутираат за следните чекори

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Што е направено до сега и кои ќе бидат следните чекори во борбата со Ковид-19 е дискусијата меѓу министрите за одбрана на земјите членки на НАТО.

Средбата се одржува преку видео врска на највисоко ниво на безбедност, вели Генерачниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој вели дека Алијансата одговара на состојбата со коронавирусот уште од почетокот на кризата спроведувајќи мерки за спречување и помагајќи им на државите да ја надминат оваа ситуација.

„Земјите членки на НАТО соработуваат за транспорт на средства од цел свет. Стотици тони медицинска опрема се донирани и поделени. Земјите членки одвојуваат медицинско вештачење и болнички капацитети“, вели Јенс Столтенберг.

Првиот човек на НАТО, меѓу другото ја спомна и финансиската и медицинската поддршка за новата членка, Северна Македонија која ја доби до сега од Чешка, Унгарија, Холандија, Норвешка, Словенија, Турција и САД,

„Во својата дискусија Шекеринска ќе се осврне на состојбите со коронавирусот во Република Северна Македонија и на мерките што ги презема Владата за спречување на неговото ширење. Воедно, министерката ќе се заблагодари и на помошта од земјите членки на НАТО, и ќе понуди поблиска соработка на нашата земја со КФОР на планот на намалувањето на последиците од ширењето на заразата“, се вели во соопштение од Министерството за одбрана.

На денешната средна на НАТО ќе и се придружат Финска и Шведска кои не се земји членки, но исто така и високиот претставник на ЕУ, Жозеф Борел.

 Покрај борбата со Ковид-19, земјите сојузнички ќе зборуваат и за дезинформациите и лажните вести кои, како што истакна Столтенберг, со лажен и штетен наратив разни лица се трудат да ги рашират, официјално или неофицијално.

За ова вчера зборуваше и амбасадорката на САД во НАТО, Кејл Бејли Хатчисон, која рече дека Алијансата формира тим за борба со сајбер заканите кон Северна Македонија и Црна Гора, во време кога од Русија и Кина доаѓаат лажни вести во врска со коронавирусот.