Вечерва во Отвореното студио на ТВ21 гостуваат професорите Александар Нацев и Александар Спасеновски, со кои дискутираме и го следиме текот на американските избори.
Професор Нацев во студиото на ТВ21 истакна дека екс претседателот и актуелен кандидат Доналд Трамп доколку би можел да ја намали поддршката кон Украина, што би имало значителни геополитички последици.
„Таа поддршка не е само поддршка за Украина, таа е поддршка и за стратешките интереси на САД спроти стратешкиот ривал Русија, ќе се намали, Трамп има неколку решенија кои што ги кажува постојано, можеби таа помош во иднина би се третирала како одреден заем. Гледаме дека Зеленски (претседател на Украина, Володимир) е позагрижен при разговорите со републиканските колеги отколку кога оди на состаноци со демократската партија“, вели Нацев.
Од друга страна, професор Спасеновски го опишува Трамп како нестандарден претседател, кој се одликува со непредвидливост и контроверзни ставови, кои се различни од традиционалните претседатели на САД.
„Станува збор за една нестандардна личност, нестандарден претседател кој што излегува надвор од еден профил кој што сме навикнати да го гледаме за американските претседатели“, вели Спасеновски.