Не може албанскиот јазик да стане официјален во ЕУ преку Македонија, вели Трајанов

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на Демократски Сојуз, Павле Трајанов вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека албанскиот јазик не може да стане официјален во Европската Унија преку Македонија.

„Советот на ЕУ да излезе и да рече да, македонскиот јазик ќе биде службен, официјален затоа што во тие преговори има и други работи кои што не сакам… зошто некој инсистирал да бидат два службени јазици во ЕУ што не е спорно, албанскиот јазик ќе си биде, Албанија штом влезе, исто. Но не може тоа да оди преку Македонија“, вели Трајанов.