Не сакаат новинари пред „нивните нозе“ – функционерите на настани со сопствени тимови!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Често се случува медиумите воопшто да не се информирани или поканети за некаков настан на кој ќе учествува министер, па дури и премиер. Но, тоа не значи дека нивната посета на кое било место не ја покриваат снимателите и новинарите на одредени портали, или пак од секторот за односи со јавноста од кабинетот на кој било функционер.

Овие материјали потоа се дистрибуираат до медиумите. Два вакви настани се случија во последните два дена.

Премиерот Димитар Ковачевски и првиот вицепремиер Артан Груби денеска беа на настан на периферијата на Скопје, но медиумите не беа информирани за тоа.

За ова дознавме дури откако кабинетите и некои портали дистрибуираа фотографии и снимки од настанот.

Со ова како медиуми ни се одзема правото да поставуваме прашања, како што ни се случи денеска, кога не можевме да добиеме одговор ниту од канцеларијата за медиуми на Владата за прашање поврзано со премиерот Ковачевски.

Истото се случи и вчера кога министерот за образование Јетон Шаќири беше во едно село да изврши увид во работата во основно училиште, но ваквата посета не беше најавена за медиумите.

Се дозна дури кога фотографиите од настанот дојдоа по електронската пошта. Ваквите појави се случуваат често.

Пред извесно време ТВ21 пишуваше за ненајавената посета на министерот за здравство Беким Сали во општина Кичево.

Од друга страна, истиот чекор го направи и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Таа денеска за да избега од прашањата на новинарите сама отиде на прославата за денот на пожарникарите.

Редакциски коментар