Исто како наставниците кои штрајкуваат, така и министерот за образование смета дека платите во образование треба да бидат повисоки. Но, како ќе се постигне тоа, сѐ уште не се знае.
-Би било многу логично, бидејќи има колективен договор, истиот да се почитува. Тогаш нашата плата би била 45.000 денари, вели Ферат Несими професор во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“
Потпретседателот на СОНК, вели дека платата на наставниците во моментов е 20% повисока од минималната и 20% помала од просечната. Наставник во основно училиште зема околу 24,7 илјади, а професор во средно училиште – 25,6 илјади денари.
-Кога станува збор за секторот образование, Република Северна Македонија има најниски плати во регионот, вели Тафа Ахмети потпретседател на СОНК
Наставниците на став дека не треба да отстапат од нивните барање за покачување на платите за 18,4%. Министерот Шаќири пак, вели дека буџетот за оваа година е веќе усвоен, но дека со ребалансот ќе биде разгледана можност за да се одговори на барањето на просветните работници.
-Прашањето за 18,4% со фискалните импликации на буџетот се над 2 милијарди денари до крајот на годинава, вели Јетон Шаќири.
Шаќири верува дека за една недела ќе се изнајде решение за ова прашање.