Билјана Ивановска, претседателката на Антикорупциската комисија вечерва во „Клик Плус“ кажа дека не е задоволна од ефектот на работата на Комисијата.
„Имаме поплаки од граѓани за судски одлуки. Поплаки дека судиите дека се однесувале неморално, и судскиот совет треба да одлучува, ние можеме само да поднесеме до таму преставка. Во наша надлежност е да ги преземеме сите активности да не дојде до корупција. Од ефектот не сум задоволна, затоа што нашиот збор не е краен, не зависи крајно од нас, туку се проследуваат нашите препораки до сите други институции и потоа тие треба да постапат“, изјави Ивановска.
Таа во текот на емисијата кажа дека Комисијата има и премалку вработени, односно дека таа смета дека се потребни околу 116, а има некаде околу половина помалку.