„Нема да предложам ниту еден кандидат за претседател на Уставниот суд“, вели Кацарска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вечерва во Топ Тема на Телма претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска вели дека нема да предложи ниту еден кандидат за претседател на Уставниот суд, за тоа да не биде сфатено дека пренесува нечија порака.

-Да не помисли некој дека јас пренесувам нечија порака, дека некој ми кажал кого да предложам, или нешто слично. Знаете, секогаш нешто погрешно се толкува во јавноста, рече Кацарска.

Гласањето е тајно, вели претседателката на Уставниот суд, а за кого ќе гласа не може да каже. Кацарска кажа дека досега никој не и се јавил да лобира за никого.