Немири во Бејрут поради истрагата за експлозијата во пристаништето – најмалку 6 лица загинаа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Минатата година се случи страшна експлозија на пристаништето во Бејрут, а истата беше проследена со политичка но и економска криза.

Во немирите во Бејрут, кои избија поради знак на протест против главниот судија во истрагата за експлозијата, најмалку шест лица загинаа.

Снимката од местото на настанот покажува пукање и луѓе кои се обидуваат да избегаат на безбедно.

За време на протестот имаше вооружени судири и пукотници, се слушаа и сирени, а брзата помош се упати кон местото на настанот, пренесува АП.

Министерот за внатрешни работи на Либан потврди дека шест лица загинале во немирите.

Пукањето се случи кога приврзаниците и сојузниците на шиитската организација Хезболах се собраа да протестираат против главниот судија, на границата меѓу христијанските и шиитско-муслиманските населби.

Хезболах и нивните сојузници повикаа на протест пред Палатата на правдата, барајќи смена на судијата Тарек Битар.

Претходно, либанскиот суд ја отфрли тужбата против главниот истражител во истрагата за експлозијата во Бејрут во август минатата година и му дозволи да ја продолжи својата работа.

Истрагата за експлозијата беше прекината оваа недела откако поранешниот министер за финансии Али Хасан Халил и поранешниот министер за јавни работи Гази Зеитар поднесоа жалба.