Несреќата на метрото во Мексико Сити снимана од сигурносна камера (ВИДЕО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Најмалку 15 лица загинаа, а преку 70 се повредени откако се урна мост на метрото во Мексико Сити. Се стравува дека бројката на загинати не е конечна, со оглед дека многумина останале заглавени во метрото, соопштија властите.

Несреќата се случила на една од новите линии во главниот град на Мексико.

Ужасот бил сниман од сигурносна камера. Се е нормално, се додека возот не стигнува до местото на несреќата, по што еден од столбовите попушта, а возот се крши на половина и паѓа врз автомобили.