Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ до Мицкоски: Немаш докази за тоа што го кажуваш, ајде да се соочиме пред целата јавност

НАШ ПРЕДЛОГ

ЧУДО ВО ИЗМИР: После 33 часа извадено лице од урнатините (ВИДЕО)

Лице после 33 часа било извадено од под урнатините од една зграда во Измир.

Во државава има 183 амбулантни возила – министерствата и општините имаат на располагање 2.645 патнички возила

По денешниот случај со Струмица, каде јавно директорот бараше донации за ново амбулантно возило ТВ21 потсетува на...

Град Скопје ќе испрати помош за настраданите од земјотресот во Измир

Градот Скопје ќе испрати помош за настраданите од земјотресот кој го погоди Измир, во Турција, пренесува Агенција...

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ реагира по повод вчерашното интервју на Христијан Мицкоски. Тие го нападнаа дека лаже, дека нема докази за некои работи, и го повикува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да се соочат пред јавноста.

„Овој пат ти се обраќаме поради твоето интервју вчера. Христијан дали со твоето лажење дека не знаеш за парадата на 80 возила од полицијата сакаш да кажеш дека си човек кој не чита вести? Веста беше негативна топ вест цел ден. Знаеш ли колку е смешно да се зборува за отсјај кога ги гледаме ракавиците на твоите од народот платени телохранители? Знаеш дека не постои теретана која е празна, во 10:30 ни лани, ни во октомври, најмалку сега. Како се злоупотребени некои луѓе ќе станат свесни наскоро. Тој ден кога ќе си одиш од позицијата за која немаш храброст да ја извршуваш. Ниту претседател на партија, ниту премиер не е функција само за добро и лесно. 

Во твоето тажно интервју повторно зборуваш за платени пратеници, зборуваш за законот за ЈО од кој бегаше без реално учество. Тој процес беше транспарентен, со јавна расправа, со долги разговори и внимание од меѓународната заедница. Истиот беше посебно поздравен и во извештајот за напредокот на нашата татковина што резултираше со конечно зелено светло за отпочнување преговори. Во теоријата за преговори има еден термин „bad faith“, тоа е кога некој глуми дека преговара а нема намера за компромис. Бидејќи после твоите лаги за платеници, организирано и диригирано се плаќаат луѓе делот за платени да ни го адресираат нас ти порачуваме:

1. ИЗНЕСИ докази за тоа што го зборуваш. Знаеш зашто не си изнел? Бидејќи такви НЕ постојат. Јасно ни е дека тебе и на уште неколкумина тоа ви е непознат концепт.

2. Ние не ја напаѓаме партијата, и не може еден човек да се поистоветува со партијата. 

3. Христијан дали ти знаеш дека оние кои сега ти се во врвот на листите се тие кои барале „голема заштита и надохнада“? Тие ќе беа први да имаше плаќање. Многу е тешко Христијан да знаеш дека си на продажба. На таквите им е тешко да сфатат преземање одговорност. Затоа и се најгласни, а толку тажни.

Доколку се толку храбри нека дојдат да се соочиме пред целата јавност. Бидејќи тастатурата трпи се. Но, јавноста не ја потценувајте. Почитувајте ја и дајте и ја вистината. Не можеш ниту на нас, ниту на други кои мислат различно од тебе да им го одземеш влогот во, и припадноста кон ВМРО ДПМНЕ
Повелете изберете медиум да се соочиме со фактите. Ти избери кој сакаш да дојде, на кој сакаш медиум, во кое сакаш време. Ние со материјални докази и нашата искреност, вие… вие нема да дојдете. Така?