Незир Чајани една година парализиран – неговиот татко бара помош за последната фаза од лекувањето на синот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вкусува храна по повеќе од една година. Незир не можеше да помрдне ниту еден дел од телото, по несреќата што му се случила кај Езерото Матка. По немилиот настан, го оштетил петтиот пршлен, поради што останал парализиран. Таткото на Незир, Феми Чајани, вели дека здравствената состојба на неговиот син се подобрува благодарение на донаторите од разни земји, кои помогнале да се лекува во приватната болница „Жан Митрев“.

„Господ така сакаше и ме тестираше. Oва беше божја определба..Но, тој ден, кога му го слушнав гласот, не можам да објаснам како се чувствував во тие моменти“, истакна Феми Чајани.

Таткото на Незир вели дека никогаш нема да ги заборави донаторите кои придонеле да се излекува неговиот син.

„Момчето сега е многу подобро благодарение на сите луѓе кои помогнаа, со нивна помош момчето сега е подобро“, посочи Чајани.

Феми бара од хуманите луѓе да му помогнат и за последната фаза од лекувањето на неговиот син, со цел да може да се излекува целосно.

„Лекарите велат дека ќе има подобрување, ќе му функционираат и клетките и нервите на рацете и нозете за момчето да биде како што беше. Тоа не му го посакувам никому, оваа моја ситуација, но тоа беше божја волја“, вели Чајани.

За една ноќ во приватната болница, Феми мора да плати 200 евра, трошоци кои не може да ги покрие бидејќи е невработен. Незир Чајани пред година и пол со неговите пријатели отишле на Езерото Матка, но за жал кога скокнал се повредил на камењата во водата.