Николоски: Недомаќински е да го раскинеме договорот со Бехтел и Енка, сакаме да добиеме повеќе километри за истите пари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за транспор и врски Александар Николоск, зборуваше за Договорот со Бехтел и Енка, за изградба на коридорите 8 и 10Д. Тој кажа дека недомаќински би било да се раскине договорот, и дека ќе се обиде да издејствува повеќе километри отколку што стојат во Договорот за истите пари.

„Сигурен сум дека можеме да добиеме повеќе километри автопат од тоа што е договорено, за истата финансиска рамка. Претходната влада на изведувачот му исплати веќе 240 милиони евра за ништо, затоа што резултати не гледаме. Затоа ќе биде недомаќински да го прекинеме договорот, а парите се веќе кај изведувачот. Може да бидеме тужени и да треба да плаќаме отштета, а ние да останеме без километар автопат. Мојата заложба е да се бориме да го промениме договорот и да добиеме повеќе за истите пари“, изјави Николоски.

Тој додаде дека Државниот завод за ревизија веќе има извештај за досегашната работа на овој најголем инфраструктурен проект во земјава, а дали има криминал во него, ќе треба да се изјасни Обвинителството откако ќе види деталите.