Николовски во „Клик Плус“ ја раздрма коалицијата, ДУИ не блокира закони и не се гледа во опозиција

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Ништо поразлично не кажав сега. Јас велам дека се уште сум убеден дека тоа што сме го договориледека ќе го реализираме дека тоа е најдоброто за државата и граѓаните“, рече Спасовски.

По гостувањето на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во Клик Плус разнишани партиските и коалициските односи.

„Доколку нема завршница за сите овие клучни системски закони битни за државата и иднината граѓаните, можно е да има да има редовни парламентарни избори“, рече Николовски.

ТВ21: Дали ова значи дека ДУИ оди во опозиција?

„Дотоколку има опструкции на овие закони се крши договорот и се крши договорот и законот за влада. Што значи можеби и оваа влада можеби и друга влада.“, вели Николовски

На сличен став е и техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој сепак додава дека доколку е потребно повторно ќе разговараат со ДУИ.

„Ако дојде до тоа да се опстуираат решенијата тогаш ќе седнеме и ќе разговараме и ќе видиме како ќе биде“, рече Спасовски.

Но, во какви односи се со ДУИ и дали има условувања?

„Ние имаме коректни релации со ДУИ јас очекувам така како што ја започнавме коалицијата така и ќе завршиме во однос на ове законски решенија“, рече Спасовски.

Коалициониот партнер ДУИ вели тие не се против ниту еден закон и дека нивната партија никогаш нема да биде во опозиција. Груби вели, секој може да си прави калкулации, но порачува дека ДУИ секогаш е определувачки фактор.

„Дуи се гледа во позиција на определувачки фактор сега, утре, задутре, било кога. Било кои опции да се разгледуваат е тоа нивно легитимно право ние знаме дека сега сме определувачки фактор, дека и на 13 април дека ќе бидеме апсолутен определувачки фактор. Како што бевме и во декември 2016 година“, рече Груби.

Сето ова започна по прозивката на претседателот на Собранието Талат Џафери од страна на Кирацовски од СДСМ преку фејсбук, кој напиша Џафери наместо да бокисува, нека си ја врши својата работа како што доликува и веднаш нека го прифати, не моето, туку барањето од актуелниот технички премиер за разрешување на министерката за Труд и социјална политика, Рашела Мизрахи поради кршење на Уставот.

Но, Џафери му одговори дека нема фејсбук профил и е политичар кој не се препукува преку социјалните мрежи.

„Јас јавно ги повикувам и ги поканувам партиските лидери доколку сериозно мислат дека имаат потреба да создадат друго мнозинство во следниот состанок јавно организирам од тука, во утрешниот ден да имаме лидерска средба“, рече Џафери.

Критика имаше и од Мухамед Зекири, кој преку неговиот фејсбук профил порача дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ работат против донесување на законот за ЈО.