Николовски: За само една година подобрување од 24 места на Северна Македонија во борбата против корупцијата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешниот вицепремиер за борба против корупција и сегашен министер за земјотрелство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска на својот прифил на „Фејсбук“ истакна дека Македонија за една година напредувала 24 места во борбата против корупција според Транспаренси интернешнл.

„Утрово одлични вести од Трансперенси интернешнл од Берлин. Од 111 место за само една година со многу работа, системски мерки и ефикасен тим успеавме Република Северна Македонија да ја спуштиме на 87 место во најрелевантниот извештај за борба против корупција. Подобрување за дури 24 места! Вредеше да работиме напорно!

Лично сум многу среќен што во новиот извештај на Transparency International Macedonia за 2021 год. нашата земја Република Северна Македонија:

👉 во споредба со 2020 година има најголем напредок од сите земји во регионот ( подобро од Словенија, Бугарија, Хрватска, Србија, БИХ, Албанија, Косово и Црна Гора),

👉 има позитивен скок за дури 24 места подобро во борбата против корупцијата и

👉 е најдобро рангирана во последните 6 години.

Новата позиција, конкретниот владин план и мерки, компетентноста и интегритетот на тимот, меѓународната препознаеност и напорната работа носат резултат.

Имавме тешка задача но со многу работа, прецизни рокови, посветеност и со генерација без хипотеки и долг кон никому што сака по три децении да се променат работите напредокот е видлив.“, напиша Николовски.