„Носи кацига, вози безбедно“ – Намален број на жртви во сообраќајот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Носи кацига, вози безбедно“ е апелот на РСБС за безбедно лето на  велосипедистите, моторциклистите и оние кои гокористат тротинетот како превозно средство. 14 жртви во сообраќајот помалку во првата половина на годината во однос на од минатата година.

„Кампањата „Носи кацига, вози безбедно“ е наменета за велосипедистите и овие нови возила како што се електричните тротинети. Сакаме да им посочиме на учесниците во сообраќајот кои се во оваа категорија колку е важно да се носи кацига пред се за нивната лична безбедност, но и за безбедснот на другите учесници во сообраќајот“, вели Дејан Андоновиќ.

„Сите активности кои ги превземаме очигледно даваат резултати. Во првата половина од годинава имаме 44 жртви на сообраќајниците што е за 14 помалку од минатата година, а сите знаеме дека минатата година беше најбезбедна во изминатите 15 години“, посочи Тони Ангеловски.