Нова закана на Мицотакис: Ќе ве блокираме кон ЕУ! – Мицкоски: Наместо честитки, добивме политички мускули!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Прво Силјановска Давкова, па сега и Христијан Мицкоски предизвика реакции во Грција за неупотребата на придавката „Северна“. Медиумите кај нашиот јужен сосед се преполни со известувања за реториката која се користи во Македонија. Како што е познато, новата претседателка Силјановска Давкова при заклетвата во Собранието одби да ја употребува придавката „Северна“, а истото го најави и Христијан Мицкоски.

Но, премиерот на Грција се закани дека доколку продолжи ваквото однесување од новите власти во нашата држава, тогаш патот кон ЕУ ќе остане затворен.

Aко некои мислат дека нема да го почитуваат Договорот, треба да знаат две работи: Прво, дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен, и дека, второ, Меморандумите што мораме да ги ратификуваме, нема да бидат ратификувани додека не се постигне апсолутна усогласеност. Апсолутно почитување од страна на новата влада со она што го предвидува Договорот“, вели Кирјакос Мицотакис.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, а веројатно и нов премиер, Мицкоски вели дека наместо честитка, која ја очекувале, од Грција добиле политика на „мускули“.

Очекував честитка од нашиот јужен сосед, наместо тоа добивме за жал политички мускули. Не очекувам односите помеѓу двете држави да се темелат на политички мускули“, вели Мицкоски.

Мицкоски вели дека ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на Нова Демократија, чиј лидер е Мицотакис, не им се допаѓа договорот, но за разлика од Грција, тој е дел од македонските институции и е реалност. Сепак, додава дека тој лично нема да користи „Северна“.

И додека давам изјави, додека се обраќам пред вас новинарите, и јас, а очекувам тоа да биде начин на однесување на претседателот Силјановска, да се користат термините Македонија и придавката македонски, бидејќи на тој начин според нашето толкување на Преспанскиот договор нема кршење на истиот“, вели Христијан Мицкоски.

За поранешниот потпретседател на СДСМ и поранешен пратеник Јани Макрадули, ваквата реторика на Мицкоски е опасна.

Господинот Мицотакис вели јас го прифатив договор иако мене не ми се допаѓа какви се решенијата за македонската нација и македонскиот јазик, а од друга страна ВМРО-ДПМНЕ е против тоа, дека некој ги етаблирар македонската нација и македонскиот јазик, зборувам во документот, инаку тука немаме дилема, со години…Затоа велам, опасна е таа реторика“, вели Јани Макрадули.

По свечената изјава на Силјановска Давкова во која не го употреби терминот „Северна“, а по реакциите од Грција, се огласија и меѓународни функционери, кои порачаа дека Договорот од Преспа мора да се почитува.