Новинар го праша Меџити за што очекува да се разговара на средбата во партија – Меџити: За ДУИ!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денеска во 13:00 часот во седиштето на ДУИ, во Тетово, е закажана средба на партискиот врв.

Средбата на дневен ред има една точка, а тоа се внатрешни случувања во ДУИ.

Пред почетокот, еден од новинарите го праша Изет Меџити, кој е дел од таканаречената Огнена група, за што очекува да се разговара на средбата.

На ова Меџити кратко одговори: За ДУИ!