Новинарот Михајлоски се излечи од Ковид-19, но го загуби својот татко: „Битката ја добивме, но не и војната“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новинарот и главен уредник на Канал 5, Гоце Михајлоски, на кој што му беше дијагностициран Ковид-19 на неговиот фејсбук профил објасни како се соочил со опасниот вирус. Тој им се заблагодари на целиот медицински тим за укажаната помош во тој период.

„Во семејната куќа во Прилеп вирусот “влегол” кон крајот на март. Викендот 28-29 март бев во посета на родителите, неполни 24 часа, тогаш полицискиот час беше од 16 часот. Подоцна се покажа дека тоа е и последна средба со татко ми. Никој немаше никакви симптоми и не можеше ниту да претпоставиме дека “непријателот” е тука. Од каде дошол не знаеме, можеме само да погодуваме, ама тоа сега веќе е и ирелеватно.“, напиша Михајлоски.

Михајлоски беше позитивен на корона вирусот на 10 април. На 28 и 29 март годинава, тој бил во посета кај неговите родители во Прилеп, каде се заразил. Михајлоски ги цитирал зборовите на премиерот Борис Џонсон. Сосема беше во право британскиот премиер Борис Џонсон, кога кажа дека новиот вирус е како крадец. Доаѓа од “нигде-никаде”, и за брзо остава пустош зад себе. Во случајот со моето семејство, зеде и живот – на татко ми.

„При редовниот телефонски контакт со лекарите во Инфективна (секој ден од 14-15 часот се јавуваше сестра ми) добивме информација дека состојбата на татко ми по повеќе витални параметри се влошила.
Околу 18 часот ми ѕвонеше непознат број. Уште пред да одговорам, интуицијата веќе ми говореше дека не е за арно. “Дали сте вие синот на Марјан?”, ме праша непознатиот машки глас. Откако одговорив потврдно, ми ја соопшти лошата вест. “Се јавувам да ве информирам дека татко ви почина”.“, напиша Михајлоски.

Една недела пред да биде дијагностициран со Ковид-19, тој како водител на емисија ги имаше покането лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Веднаш потоа и двајцата претседатели на партии беа во само изолација.