Новини во начинот на финансирање: Конкурсите за поддршка на проекти од културата ќе бидат објавени утре

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот Зоран Љутков најавувајќи ги пропозициите за финасирање на проекти од културата рече дека, конкурсите се реформски и со промени во начинот на финансирање, со што се прави „квалитативен наместо квантитативен исчекор во културата“.Прецизно е утврдено кој вид проект со колку средства максимално може да биде подржан, а промените се направени по анализи за досегашното финансирање, во консултации со засегнатите кои и досега се пријавувале на конкурсите и по укажувања на Државниот завод за ревизија.

-Во претходните години од ракав се вадеа суми од најниски до највисоки, со тоа што оваа година ќе бидат ограничени. Повеќе нема да има огромни дискрепанции во поддршката на проекти од ист вид, туку согласно анализите на претходно реализираните проекти, ќе бидат субвенционирани реалните потреби и трошоци за проектите, изјави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.