Се вршат последните подготовки на сцената која ќе биде поставена на плоштад „Македонија“, а на која ќе настапат уметници на прославата за дочек на новата 2022.
Новогодишна еуфорија владееше и преку ден. Бројни граѓани излегоа со нивните деца за го почувствуваат празничниот дух. Забавната програма ќе почне во 20 часот.
„И годинава централната новогодишна прослава ќе се одржи на плоштадот „Македонија“ каде ќе настапат разни бендови. Забавата ќе почне во 20:30, а ќе трае до 1 по полноќ“, вели репортерот на ТВ21.
Според соопштението на Град Скопје, вечерва на сцена ќе се качат следниве изведувачи:
20:30-21:30 – Пука Козметика
21:30-22:30 – ДНК
22:30-23:30 – Бени и Нон стоп
23:30-00:30 – Нокаут
00:30-01:00 – Наум Петрески и Зуица Лазова
Од Град Скопје велат дека програмата се организира со помош на три приватни компании. Преку новогодишна порака, вчера министерот за внатрешни работи, ги повика граѓаните да прослават одговорно, водејќи сметка за своето и здравјето на нивните блиски.
