За време на синоќешните прослави по повод Денот на албанското знаме јавното обвинителство започна активности за истражување на инцидентот со сквернавењето на македонското знаме, соопштуваат од ЈОРСМ.
-Известен е јавен обвинител, се преземаат дејствија за расчистување на настанот, соопштуваат од ЈОРМ.
Вчера и синоќа се одбележуваше Денот на албанското знаме со автомобили со развеани знамиња по улиците на Скопје и во други градови во земјата каде мнозинството граѓани се етнички Албанци. На видео снимки кои синоќа беа објавени од медиумите и граѓани се гледа како се кине македонското знаме и како врз него минува автомобил.
Во текот на ноќта и утрово партиите реагираат за сквернавењето на македонското знаме и бараат сторите да се казнат.