Обвинителството продолжува со истрагата за пожарот во Кочани, 16 лица во притвор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Обвинителскиот тим задолжен за дејствијата во рамките на предистрагата за несреќата во Кочани продолжува да презема дејствија, велат од Основното јавно Обвинителство.

И во текот на денешниот ден, со цел координација на активностите во Кочани е и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски.

Врз основа на обезбедените докази се испитува улогата на 16 лица за кои обвинителството побара и обезбеди мерка 48-часовен притвор.

Претрес денеска беше извршен и во просториите на Општина Кочани.

Попладнево, до надлежниот суд, Основното јавно обвинителство Кочани ќе достави предлог за определување краткотраен притвор за уште едно лице.