Обвинителството за три лица бара притвор по вчерашното сквернавење на македонското знаме

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три полнолетни лица за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1 од Кривичниот законик. Против уште едно малолетно лице ќе се води редовна постапка според Законот за правда за децата.

Осомничените на 28.11.2024 година околу 20:00  до 23:00 часот на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје,  по завршување манифестација на плоштадот Скендербег по повод прослава на денот на албанското знаме, со излагање на подбив на национални симболи, односно со палење, уништување и кинење на македонското државно знаме, предизвикале омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност.

За полнолетните осомничени надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Појаснување, со оглед на тоа што е скратена постапката за ова кривично дело, притворот доколку го определи судот би бил осум дена.