„Огнената група“ на средба со лидерот Ахмети – Беџети: Се разгледуваат незадоволствата, не сме за никаков договор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, денеска оствари средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, јавува ТВ21.

Беџети вели дека на средбата биле разгледани незадоволствата и оти не се за никаков договор.

„Денес не сме тука за договор, ние сме тука за проблемите на огранокот што реално секој огранок, па и огранокот на Сарај, има свои незадоволства, свои достигнувања“, вели Беџети.

Тој додава дека ја информирал и целата структура на огранокот затоа што е еден од потписниците во неодамнешното писмо на т.н. „Огнена група“