Омикрон за 2,4 пати попренослив од делта и алфа – треба да се размислува за нови мерки особено овој месец кога кафеаните се полни

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Новата мутација на Корона вирусот Омикрон има висок степен на преносливоста во однос на делта варијантата , тој може да биде и до 500 пати по пренослив , што дополнително влева загриженост. Според досегашните истражувања Омикрон може да го избегнува и имунитетот стекнат од вакцините против Ковид 19. Децата , помладата популација се први на удар од новиот сој на Омикрон , смета доктор Мехмедовиќ. Ако во Јужна Африка инфицираноста на дневно ниво била 100 дневно за 24 часа тој број со новата варијанта на Омикрон е зголемен на 8000 .Но најголемиот дел имаат лесни симптоми.

„Многу чести се инфекциите и реинфекциите кај оние што веќе биле вакцинирани , почести се реинфекциите во однос на претходните варијанти , особено на Делта и Алфа сојот за 2,4 пати е поголема веројатноста дека ќе се добие реинфекција со Омикрон и тоа е една од причините што овој сој е попренослив .“, вели Мехмедовиќ.

Зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19 во Европа во изминатите два месеци се должи на сојот Делта, но Омикрон може да ја влоши ситуацијата, предупредуваат од техничкиот тим во одделот за итни случаи на Светската здравствена организација. Затоа голем дел од земјите преминаа на дополнителни рестриктивни мерки.

Според Мехмедовиќ треба да се размислува за нови мерки.

„Ако навистина е толку восока преносливоста тогаш може да очекуваме дека во наредните неколку месеци Омикрон ќе стане доминантна варијанта.Треба да се размислува за рестрикции во движењето , да се намалат контактите да се ограничи движењето во затворени простории, мислам дека кафеаните и рестораните се нешто на што треба овие празници да заборавиме.“, рече Мехмедовиќ.

Инаку , Омикрон, стигна и во Грција и Хрватска но е откриен и во најмалку 38 земји во светот, но сè уште не е забележан смртен случај, може да поминат неколку недели за да се утврди колку е заразна оваа варијанта, дали предизвикува посериозна болест и колку се ефикасни третманите и вакцините .