Општина Тетово: Во понеделник ќе започнат работите за пробивање на булеварот „Благоја Тоска“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Општина Тетово ја информира јавноста дека во понеделник ќе започнат работите за пробивање на булеварот „Благоја Тоска“.

„Работите ќе започнат од делот кај текстилното училиште и ќе завршат кај  мостот во близина на Клиничката болница. Завршени се сите подготовки, односно решени се имотно правните прашања, извршена е експропријација на земјиштето и сега нема никакви пречки за почеток на работите“, велат од општината.

Според нив, пробивањето на овој булевар е еден од најзначајните инфраструктурни проекти што ќе го растовари сообраќајот во градот и ќе создаде многу подобри услови за сите учесници во сообраќајот.

„Булеварот „Благоја Тоска“ е главната клучка на градот бидејќи со пробивањето ќе се олесни сообраќајот на другите две главни оски во градот. Стручните лица од општина Тетово од почетокот на мандатот на градоначалникот Касами, потенцираа дека едно од примарните проблеми за решавање е пробивањето на булеварот, а тоа ќе стане реалност од понеделник. За ова се обезбедени сите потребни дозволи. Се надеваме дека за многу кратко време Булеварот ќе профункционира. Ова беше и едно од нашите предизборни ветувањата. Остануваме посветени не само на пробивање на овој булевар, туку и на другите булевари и улици со кои Тетово ќе добие изглед на еден современ град, како во развиените земји“, посочуваат од Општина Тетово.