Општина Центар ќе произведува струја од фотоволтаици – идејата е од Хрватска, а проектот ќе се реализира до 2023 година

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Општина Центар е првата општина во Македонија која ќе основа јавно претпријатие за производство и продажба на електрична енергија.

Градоначалникот Горан Герасимовски во интервју за ТВ21, вели дека примерот е од Хрватска и таму голем број на општини го применувале тој модел за намалување на сметките за електрична енергија.

„Поради енорно зголемените сметки за електрична енергија, почнавме да бараме начини како истите да ги намалиме. И увидовме дека едно од решенијата е токму ова,  да поставиме што повеќе фотоволтаици на објектите кои што се под капа на општината, а тоа се училиштата, градинките, вклучувајќи ги и дел од паркинзите на зградата на „Паркинзи Центар“. Направена е комисија од стручни лица кои што во моментов ги изработуваат сите оние елаборати заедно со тоа колку средства ќе ни требаат за да ги реализираме сите проекти од школо до школо, колкави се површините, колку фотоволтаици можат да се постават, за колку години ќе можеме да ја вратиме инвестицијата, колку електрична енергија ќе се произведува, дали тоа ќе биде само за потребите на објектите кои ги имаме и каде што ќе бидат поставени фотоволтаиците, а понатаму истите да бидат и за продажба“, вели Герасимовски.