Осамена поларна мечка на санта мраз: Фотографијата која го направи британскиот фотограф најдобар на светот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неверојатната фотографија на британскиот аматерски фотограф Нима Сарихани од млада поларна мечка како спие на санта мраз, му ја донесе наградата за најдобар фотограф на диви животни.

„Неверојатните и потресни слики на Сарихани ни овозможуваат да ја видиме убавината и кревкоста на нашата планета“, рече директорот на Природонаучниот музеј, д-р Даглас Гур.

„Неговите слики што предизвикуваат размислување се трогателен потсетник за интегралната врска помеѓу животното и неговото живеалиште и служи како визуелна претстава за штетните влијанија од глобалното затоплување и губењето на живеалиштата“.

Сарихани ја направил фотографијата по тридневна потрага по поларни мечки низ густа магла во близина на норвешкиот архипелаг Свалбард, јавува Би-Би-Си.

Вљубениците во фотографирањето на дивиот свет и природата од целиот свет се поканети да гласаат на список од 25 слики.

Четири други фотографии од оваа извонредна потесна листа беа „високо пофалени“. Погледнете ги сите фотографии подолу.