На 30.09.2024 во 12.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во паркот „Бранители“ на подрачјето на Драчево во Скопје, во периодот од 28.09.2024 до 30.09.2024 со остар предмет биле оштетени три икони кои биле поставени на крстот во паркот.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Драчево и се преземаат мерки за расчистување на настанот.