Османи: Алтернатива ако ја прифати владината програма, може да дискутираме да бидат дел од Владата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Бујар Османи е вечерва гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Министерот за надворешни работи зборуваше на различни теми, а го прашавме и за опозицијата.

На прашањето дали е можно партијата Алтернатива да биде дел од владиното мнозинство, иако декларативно без Алијанса за Албанците нема да прифатат да бидат дел од мнозинството, Османи одговори:

„Мнозинството сега е стабилно, но ако има политички партии кои што ја прифаќаат програмата на Владата, стратешките приоритети, мислам дека сме отворени да разговараме да ги интегрираме таквите кои ги споделуваат нашите приоритети“, рече Османи.

Тој додаде дека е добро да има опозиција, и на став е дека Албанците треба да бидат организирани во две опции.

„Добро е да има опозиција, не е здраво за општеството да нема опозиција. Но, јас сум рекол и натаму стојам на тој став дека Албанците не треба да бидат организирани повеќе од две опции, но секогаш треба да има една опозиција која прави контрола. Опозициската контрола е многу важна“, вели Османи кој се осврна на сегашните случувања во опозицијата.

„Сегашната опозиција, искрено, не е подготвена да превземе одговорност за да води држава. Ова е преголем залак каде што се бара искуство и одговорност, и за жал немаме опозиција која може да превземе одговорност. Но може да имаат конструктивна улога, и треба да ги создадат тие капацитети за да може да изразат желба да водат институции“, рече министерот за надворешни работи.