Османи најави помош за Украина: Мораме да покажеме солидарност и во услови на економска криза

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Меѓу темите со кои дебатиравме вечерва со министерот Бујар Османи во „Клик Плус“ на ТВ21, беше и војната агресија на Русија врз Украина.

Османи уште еднаш ја повтори позицијата на Македонија во овој конфликт.

„Нашиот однос кон руската агресија беше недвосмислен. Се придруживме на сите санкции, ги коспонзориравме сите резолуции во ОН, во ОБСЕ во Советот на Европа, понудивме хуманитарна помош, отворивме граници за бегалците…“, рече Османи.

Тој додаде дека 900 Украинци се влезени во земјава, но немаат статус на бегалци.

Исто така најави уште помош за Украина.

„Знаеме дека има економска криза, дека бара многу трошоци, но ова се времиња каде мора да покажеме солидарност во делот на приемот на бегалци од Украина.