Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ Бујар Османи денеска порача дека политичкиот дијалог за мир треба да биде единствената опција и хуманитарниот аспект мора да преовлада.
– Загрижувачки се информациите за воени операции во Степанакерт/Канкенди, каде се доведува во опасност и животот на цивилите. Апелирам за итна деескалација. Политичкиот дијалог за мир треба да биде единствената опција и хуманитарниот аспект мора да преовлада, напиша Османи на својот Фејсбук профил.
Османи најави дека во својство на претседавач на ОБСЕ ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов и министерот за надворешни работи на Ерменија, Арарат Мирзојан каде повторно, како што наведува, ќе апелира за продолжување на дипломатскиот ангажман за да се стави приоритет на заложбите за одржлив мир.