Османи во Рига: Ќе разговараме и за Западниот Балкан и геостратешните интереси на Алијансата за стабилен, прогресивен и демократски регион

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на својот Фејсбук профил објави видео од Рига, Латвија во кое му се заблагодари на својот колега за пречекот и беспрекорната организација.

Тој вели дека денеска на агендата се важни прашања, меѓу кои и актуелните безбедносни предизвици како руското воено групирање околу границата со Украина, како и хибридните предизвици кои доаѓаат од Белорусија.

„Уверен сум дека ќе испратиме силна порака на единство и непоколеблива намера да ги заштитиме сојузниците и пријателите, за да обезбедиме мир и стабилност. Ќе разговараме и за Западниот Балкан и геостратешните интереси на Алијансата за стабилен, прогресивен и демократски регион преку реафирмирање на европската и евро-атлантската перспектива“, вели Османи