Основен Кривичен суд издаде наредба за спровод на Мухамед Зекири

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Основниот Кривичен суд Скопје соопшти дека дека по добиеното барање, издадена е наредба за спровод на Мухамед Зекири.

„По добивање на предлогот, во Законски предвидениот рок судија на претходна постапка, согласно одредбите од ЗКП издаде наредба до надлежната ПС за спровод на осомничениот и тоа на единствената адреса посочена во предлогот.  Откако, осомничениот ќе биде изведен пред судијата и ќе се произнесе во однос на предлогот на Јавниот обвинител ќе биде изготвено решение за кое странките и јавноста ќе бидат благовремено известени“, пишуваат од Кривичниот суд.