Осомничените полицајци во домашен притвор, за дел изречена мерка – забрана за вршење на професија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицајците кои се осомничени за трагедијата во Кочани се наоѓаат во домашен притвор. Во нив се вклучени и седумтемина полициски службеници, на кои деновиве им истекува 30-дневниот притвор.

Притоа, одземен им е пасошот, имаат забрана за комуникација и повремено треба да се пријавуваат кај судија. Кај судија на претходна постапка е и полицаецот по кого вчера се трагаше, кој според информациите, сам се пријавил во полицијата.

Инаку, дел од осомничените полицајци од Кочани и Штип се веќе пензионери, но за оние кои се уште се во службата издадена е и мерка – забрана за вршење на професијата, информираше Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Сите се осомничени за „тешки дела против општата сигурност“.

Според сомнежите, преку лажни документи и невистини податоци, тие уште од почетокот на работата на „Пулс“, давале согласност дискотеката да добива лиценца за работа, иако воопшто не биле исполнети условите за тоа.

Од надлежното обвинителство информираа дека продолжуваат со предистражни дејствија во насока на откривање на нови лица инволвирани во случајот.