Пановски: Плаќаме 350 илјади евра камати за БРТ, а БРТ го нема – ние сме рекордери по тоа што плаќаме нешто кое не се гради

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Никола Пановски, советник на Град Скопје од Коалицијата движење одлучно за промени, денеска во „Дејли Клик“ коментираше за ситуацијата со Град Скопје, особено со јавниот превоз.

„Да имаше заедништво и разбирање, сега ќе стигнеа автобусите, кои 26-ти пат не се изгласаа. За БРТ има 70 милиони евра, за кои плаќаме 350 илјади евра камати, а БРТ го нема. Ако наредам за што плаќаме, а не се гради, пропаднати преотки, затоа што нема разбирање помеѓу најголемите политички партии. Така да тоа се тие работи кои не кочат моментално. Се согласувам дека многу директори се сменија, потоа неодговорно работење, првата криза со приватните превозници беше дека ги фатиле на дело дека наплаќале карти, а не ги плаќале картите во ЈСП дека се криминалци, и тоа треба да се сноси одговорност. Сега потпишан е договор по кој приватните превозници возат кога сакаат, ако сакаат“, рече Пановски.