Парламентот на Финска одлучува за пријавата во НАТО

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Парламентот на Финска денеска ќе гласа за пријавата на земјата за членство во НАТО.

Одборот за надворешни работи едногласно ја поддржа пријавата, оценувајќи дека Финска мора да биде членка на Северноатлантската алијанса.

Претходно, финскиот претседател Саули Нинисто изјави дека со членството во НАТО „ќе ја максимизира безбедноста на земјата”.