Партијата за европска иднина бара во преамбулата на Уставот да се внесе и торбешкиот народ.
Повикувајќи на се на Повелбата на Обединетите Нации, Општата декларација за правата на човекот, Меѓународниот пакт за граѓанските и политичките права, и ред други документи, бараат власта да го исполни нивното барање.
-Торбешката популација во Република Северна Македонија, според своите етнички, религиозни, јазични и културни карактеристики заслужува посебност и рамноправен статус со останатите етникуми во Република Северна Македонија. Со досегашното невклучување на оваа попилација во преамбулата на Уставот е направена неправда спрема голем број од населението кое по бројност е на трето место во Република Северна Македонија, велат од ПЕИ.
Инаку, Бугарија бара внесување на Бугарите во Уставот, а барање за внесување во Уставот имало и од Црногорците, Хрватите, и Египќаните.
Македонија за да продолжи на патот кон ЕУ, треба да ги внесе Бугарите во Уставот.